ПОВЕЌЕ

    ИНТЕРВЈУ | Петар Бошкоски: Менаџер за комерцијални операции во Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП)

    Време зa читање: 4 минути

    Пари: Неодамна го лансиравте новиот IQOS ILUMA базиран на иновативна технологија. Што го прави овој производ различен во споредба со претходните генерации на IQOS?

    Бошкоски: По неколку серии од иновативниот IQOS систем за загревање на тутунот, продолжуваме да го шириме нашето портфолио за да понудиме уште понапредни решенија, кои го следат развојот на технологијата и ги решаваат проблемите и потребите на возрасните пушачи. ILUMA е нашата нова генерација на уреди за загревање на тутунот и нов водечки производ во нашето портфолио на научно базирани производи без чад. Најзначајната разлика е тоа што оваа нова генерација уреди користи технологија на индукциско загревање и не содржи сечило како уредите од претходните генерации.

    Пари: Како оваа нова технологија го подобрува корисничкото искуство?

    Бошкоски: Технологијата на индукциско загревање го подигнува загревањето на следно ниво. За сите наши производи за загревање тутун заедничко е тоа што не создаваат чад од тутун, туку аеросол кој содржи 95 отсто помалку штетни материи. Благодарение на иновативната технологија, нема остатоци од тутун. Токму затоа се лесни за одржување и нема потреба од нивно чистење, што овозможува севкупно подобро и почисто корисничко искуство. Покрај тоа, нема согорување, нема пепел, нема катран, ниту тутунски чад. Ова е следно, целосно ново ниво, а повратните информации од корисниците ни помогнаа да ја оствариме оваа голема промена.

    Пари: Колку модели содржи IQOS ILUMA серијата и за кои уреди станува збор?

    Бошкоски: На нашиот пазар се достапни три модели на уреди: IQOS ILUMA PRIME, IQOS ILUMA, и IQOS ILUMA ONE, со различен опсег на цени, но засновани на истата технологија на индукциско загревање. Уредите нудат различни дизајни за да им овозможат на корисниците да го изберат уредот што најмногу одговара на нивните потреби и преференци. Сакаме да бидеме сигурни дека им нудиме вистински избор на потрошувачите и ги прилагодуваме нашите уреди врз основа на нивните желби и сугестии. Се работи за напредни уреди кои бараат големи вложувања и развој на нова технологија и нашата цел е корисниците да бидат задоволни и овие производи да ги исполнат нивните очекувања. Врвниот дизајн е нешто што е белег на сите наши производи, но има уште многу иновации во позадина на производот, базирани на наука и технологија. Значи, дизајнот е важен, но не е сржта на производот и сакаме да бидеме сигурни дека на корисниците им нудиме навистина врвен квалитет.

    Пари: Неодамна ја отворивте новата IQOS зона во трговскиот центар Palma Mall во Тетово. Кажете ни нешто повеќе за новиот продажен простор и што ќе им нуди на потрошувачите?

    Бошкоски: Со отворање на оваа нова зона во Тетово, прва надвор од Скопје, се проширува мрежата како и поддршката за сите возрасни пушачи кои сакаат да се информираат за подобрите алтернативи на цигарите и да се префрлат на производите базирани на технологија за загревање, наместо согорување на тутунот. Како компанија се стремиме да обезбедиме висококвалитетни услуги за клиентите, нашиот врвен приоритет е квалитетна поддршка и врвно корисничко искуство. Почнувајќи оттука, на нашите корисници им пружаме поедноставен пристап до потребните информации, како и поквалитетна комуникација од сега достапна на три јазици: македонски, албански и англиски јазик на сите канали за интеракција со нашите корисници. Новата IQOS зона што ја отворивиме во Palma Mall во Тетово ја продолжува приказната која ја започнавме со нашите IQOS бутици кои ги отворивме во Скопје. Тоа значи дека и за ова продажно место беше изработен оригинален мурал со интересен приказ на знаменитостите на градот Тетово, што го разубави просторот, му даде автентичен локален „зачин“ и визуелно го збогати.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично