Турската компанија ТАВ е заинтересирана за инвестирање во аеродроми во Црна Гора. Компанијата најави ширење на пазарот, а меѓу новите проекти што моментално ги следи ТАВ аеродроми се аеродромот Лагос во Нигерија, аеродромите во Подгорица и Тиват во Црна Гора и аеродромот во Кувајт.
Извршниот директор на ТАВ, Серкан Каптан, неодамна објави пред новинарите: „Очекуваме развој во Нигерија и Кувајт оваа година. Внимателно ја следиме и Црна Гора каде што сме претквалификувани. Од 2025 година ќе влеземе во силен пат на раст со завршување на инвестициите, зголемување на сообраќајот, зголемен придонес на услужните компании и оперативна искористеност“, рече тој.
Црногорскиот министер за транспорт и поморство, Филип Радуловиќ, се сретна со амбасадорката на Република Турција во Црна Гора, Бариша Калкаван, јави банкар.ме . Амбасадорката Калкаван соопштила дека турската компанија ТАВ се уште е заинтересирана да инвестира во црногорските аеродроми, но и дека компаниите од Турција се подготвени да инвестираат во железничката инфраструктура, како и во поморскиот сектор.
За подобро поврзување во Црна Гора, основана е Турската стопанска комора Туркчам, која обединува големи компании од Црна Гора и Турција.