ПОВЕЌЕ

    Поли Сибиновска доби награда за извонредност од капитал банка

    Време зa читање: 2 минути

    Претставата за банките клиентите ја создаваат преку службениците со кои контактираат и од кои ги добиваат бараните услуги. Професионалниот, културен и љубезен пристап ја завршува половина од работата. За посветеноста на работното место и за исклучителниот придонес Поли Сибиновска од експозитура Центар е избрана за најдобриот банкарски службеник во Капитал банка за годинава.

    Во средината се издвоила со покажаната трудољубивост, иновативниот пристап, со завидно ниво на професионализам и експертиза во банкарската индустрија. Особено во комуникацијата со клиентите, без оглед дали станува збор за поединци или за претставници од бизнисот, кои од таа соработка излегле со постигнати финансиски цели.

    Изборот е направен од страна на Управниот одбор на Капитал банка, заедно со раководителот на Секторот за работа со физички лица, Димитар Ризов. За Сибиновска во Банката велат дека поставила нови, повисоки стандарди, а клиентите преку неа целосно ја осознаваат важноста од негувањето култура на штедење и финансиската одговорност. Затоа, за придонесот во растот и успехот на Капитал банка ја доби наградата за извонредност, како израз на благодарност од колективот, во кој служи за пример и инспирација.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично