ПОВЕЌЕ

    ССМ ПРЕДУПРЕДУВА: БЕЗ РАБОТА МОЖЕ ДА ОСТАНАТ 800 РАБОТНИЦИ од „Еуроникел“

    Време зa читање: 2 минути

    Иднината на „Еуроникел Индустри“ е неизвесна. Уште повеќе, кога се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките, предупредуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија и од Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството.

    „Ваквиот потег значи дека компанијата нема да работи и дека 800 вработени ќе останат без своите работни места“, се вели во заедничкото соопштение на ССМ и СИЕР.

    Работниците не се информирани од раководството за тоа што ќе се случува со компанијата, што е спротивно на работничките права и меѓународните трудови стандарди.

    Инаку, работниците и денес одржаа предупредувачки собир пред компанијата. На овој начин ги бараат своите плати, при што му порачаа на раководството да не се гаси печката, затоа што тоа ќе го означи крајот за фабриката.

    „Сакаме да го свртиме вниманието на раководството и на јавноста за нашите проблеми. Имаме сознанија дека е даден налог од раководството да се изгаси печката. Ако се изгаси печката, тоа според нас ќе значи крај на фабриката, бидејќи потоа, според нашите информации, ќе треба долго време и многу пари повторно да се стави фабриката во функција“, рече Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација во фабриката.

    Поддршка вработените добија од транспортери што работат за фабриката.

    Протестот ќе продолжи утре и задутре, а во петок ќе се знае какви чекори ќе се преземат од синдикалната организација.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично