Исплатата на паричната помош од социјалната, детската и цивилната заштита ќе почне утре (четврток), информираат од НЛБ Банка.
На банкоматите, своите средства клиентите ќе можат да ги подигнат во секое време. Исплатата, пак, во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определениот редослед, со цел да се намалат турканиците пред шалтерите.
Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците.
Според насоките што ги даваат од НЛБ, исплатата на благајна ќе биде организирана во две групи по азбучен ред, според првата буква на презимето, во следните два работни дена:
- 05 – ти октомври (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
- 06 – ми октомври (петок) – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Воедно, од Банката ги потсетувааат клиентите дека имаат можност парите од помошта првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.