ПОВЕЌЕ

    По „Макошпед“, Каранфиловиќ се повлече и од „Европа“: Милева на чело на „слатката“ фабрика

    Време зa читање: 2 минути

    Смена на кормилото во скопска „Европа“. Марија Каранфиловиќ се повлекла, а на директорската позиција е поставена Наташа Милева.

    За измените во органите на управување, од компанијата информираат преку Македонска берза.

    „Акционерско друштво – фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА-Скопје, со седиште на ул.808 бр.8, Гази Баба, Скопје, известува дека неизвршниот член и Претседател на Одбор на директори Марија Каранфиловиќ поднесе оставка од функцијата. За Претседател на Одборот на директори е назначена Наташа Милева“, наведено е во објавата.

    Во последнот состав на Одборот на директори Каранфиловиќ е од 2021, кога беше реизбрана по истекот на претходниот четиригодишен мандат. Исто како и нејзината наследничка Милева, која е независен член.

    Исто така, пред една недела Каранфиловиќ поднесе оставка и во „Макошпед“ – трговското друштво за меѓународна шпедиција, складишта, надворешно-трговско работење, производство и промет. Дотогаш беше извршен член на Одборот на директори, односно долгогодишен генерален директор.

    Новоименуваната Наташа Милева е од „Фершпед“. Воедно, таа е неизвршен независен член и во Одборот на директори на Хотели Метропол АД Охрид.

    Познато е, „Макошпед“ е акционер на „Фершпед“. А „Фершпед“ во Хотели Метропол и во „Европа“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично