ПОВЕЌЕ

    Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓаните и локалните институции во Берово

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) продолжува со отворените средби со граѓаните, претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво. Утре во зградата на Општина Кавадарци ќе се одржи една ваква средба, а следната е веќе закажана за овој четврток, 21 септември 2023 година, во салата на Советот на Општина Берово.

    Овие средби се дел од активностите кои Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги презема во насока на приближување на својата работа до граѓаните и за зголемување на нејзината транспарентност. Дополнително, отворените средби претставуваат и можност за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво, со цел подигнување на степенот на препознавање на дискриминацијата, поголема мобилизација во општеството и заедничко делување во борбата сите нејзини облици.

    „Целта на овие отворени средби е дополнително да ја унапредиме комуникацијата со граѓанскиот сектор и локалните институции околу надлежностите и начинот на постапување на Комисијата, а и да ја утврдиме нивната улога во целиот тој процес, затоа што само со заедничко делување можеме полесно да ги препознаеме и поефикасно да се бориме против сите облици на дискриминација во општеството. Истовремено, овие средби ни овозможуваат, преку отворен дијалог со граѓаните и разгледување на конкретни примери, да им помогнеме тие полесно да го осознаат институционалниот пат за решавање на предизвиците со кои се соочуваат во секојдневниот живот, а кои претставуваат пречка за натамошното унапредување на човековите права и еднаквоста во нашата земја“, истакна претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Исмаил Камбери, упатувајќи покана до сите заинтересирани граѓани од Берово и неговата околина да присуствуваат на отворената средба со претставниците на Комисијата, што овој четврток ќе се одржи во зградата на Општина Берово.

    До крајот на овој и почетокот на следниот месец планирано е да се реализираат уште дополнителни четири отворени средби, во исто толкав број општини. Ваквите активности се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично