ПОВЕЌЕ

    „БИОТЕК“ ВЛЕЗЕ ВО „РЕПЛЕК“, Туџарова-Трајковска се повлекува

    Време зa читање: 2 минути

    Промени во сопственичката структура на скопски „Реплек“. Славица Туџарова-Трајковска повеќе не е акционер со над пет проценти, а „Биотек“ поседува 6,30 отсто од акциите.

    За новонастанатата состојба од акционерското друштво информираат преку ценовно чувствителна информација.

    „Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува промена на сопственоста над 5% односно компанијата Биотек ДОО Скопје се стекна со 1.115 нови акции и сега поседува вкупно 1.634 обични акции или 6.30% од вкупниот број на акции.

    Акционер Туџарова-Трајковска Славица која беше сопственик на 2.715 акции или 10.47%, продаде 1.928 акции и сега поседува 787 акции или 3.04.% од вкупниот број на акции“, наведено е во објавата.

    Во последно време Туџарова-Трајковска во неколку наврати продаваше акции од „Реплек“. На крајот од минатиот месец продаде пет, а претходно во јули преку две трансакции – 34, односно осум акции, покажуваат берзанските податоци.

    Компанијата „Биотек“ постои од 1999 година со основна дејност работа со медицински потрошен материјал и опрема за клинички и индустриски сектор, а на почетокот имало само тројца вработени. Денес се повеќе од 60.

    Сега, меѓу другото, „Биотек“ има и свои лаборатории. Минатогодишните деловни параметри од работата на лабораторијата покажуваат добивка од 339 илјади евра и приходи од 2,6 милиони евра, кои се многу пониски од времето на падемијата – профитот во 2021 се мерел со 2,6 милиони евра, а приливите 6,1 милион евра. Лани просечната нето-плата во лабораторијата изнесувала 29.263 денари.

    Освен тоа, „Биотек“ има и своја поликлиника во центарот на Скопје со дејности педијатрија, гинекологија, интерна, трудова и трансфузиона медицина.

    По големината и услугите што ги обезбедува „Биотек“ е во редот на најголемите веледрогерии и лаборатории, што се однесува и за вкупните бројки кои ја изразуваат успешноста од работењето – лани профитот изнесувал 1,4, а пиходот 11,5 милиони евра.

    Р.П

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично