Народната банка ги повикува заинтересираните да пријават свои трудови за учество на 48. сесија на Клубот на истражувачите. Трудовите треба да се изработени согласно трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци.
Настанот ќе се одржи на 21 септември (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 11 септември (понеделник).
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.