ПОВЕЌЕ

    Билатерална средба Азир Алиу- Михаило Јовановиќ

    Време зa читање: 3 минути
     

    Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска престојуваше во официјална посета на Република Србија, за време на која оствари билатерална средба со министерот за информации и телекомуникации, Михаило Јовановиќ.

    На средбата се разговараше за потпишувањето на договорот во Брисел за интеграција на Западен Балкан во програмата ,,Дигитална Европа“, програма од речиси 7,5 милијарди евра.

    Двете страни изразија заедничка посветеност да се работи на оваа долгоочекувана иницијатива  која е една од најважните процеси за Северна Македонија  но и за регионот на Западен Балкан, како и за меѓусебна соработка на нови проекти за добробит на земјите од регионот.

    Програмата ,,Дигитална Европа” ќе обезбеди стратешко финансирање и поддршка на проекти во петте клучни области: суперкомпјутери, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини, како и обезбедување на широка употреба на дигиталната технологија во економијата и општеството, вклучително и дигиталните иновациски центри.

    Министерот Азир Алиу потенцираше дека дигитализацијата е единствениот начин за подобрување на животот на граѓаните, бизнисите и зајакнување на економијата на земјите .

    „Важно е да се преземат конкретни чекори за подобрување на инфраструктурата и поврзувањата во регионот, бидејќи создавањето на заеднички дигитален пазар преку напредна технологија ја отвора вратата за многу можности во други клучни сектори како што се инфраструктурата или образованието“ , рече Алиу.

    Тој најави и формирање на Агенција за дигитализација. Оваа  агенција ќе послужи како катализатор на патот кон дигиталната трансформација на нашата земја, која се фокусира на четири столба, кои се и главните точки на Програмата за дигитална Европа:

    -Сајбер безбедност: Агенцијата ќе даде приоритет на развојот на силни мерки за сајбер-безбедност за заштита на нашата дигитална инфраструктура, чувствителни податоци и приватност на граѓаните.

    -ИТ инфраструктура: Ќе инвестираме во градење и проширување на нашата ИТ инфраструктура, обезбедувајќи сигурни и достапни врски за сите граѓани.

    -Софтверски решенија: Агенцијата ќе промовира развој на иновативни софтверски решенија кои се однесуваат на уникатните потреби на нашето општество и придонесуваат за економски раст.

    -Академии и обука: Знаејќи ја важноста на дигиталните вештини, агенцијата ќе формира академии и програми за обука за да ги опреми нашите граѓани со знаење и експертиза потребни за дигиталната ера.

     

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично