ПОВЕЌЕ

    ВО НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОДАВИЦИ ЗА ТЕХНИКА ГРАЃАНИТЕ ЛАНИ ОСТАВИЛЕ НАД 150 МИЛИОНИ Евра

    Време зa читање: 4 минути

    Минатата година, најголемите трговци во секторот бела техника и уреди за информатичка технологија, реализирале промет од 151 милион евра. Станува збор за пари оставени во Нептун, Сетек, Техномаркет и Анхоч. Една година пред тоа, односно во 2021 година, кога цената и на апаратите за бела техника, и на компјутерите, лаптопите и мобилните, беше пониска, прометот беше повисок. Но, не многу. Анализата на податоци што ја направи порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк, покажува дека во овие четири синџири во 2021 година е направен вкупен промет од 154,7 милиони евра, или 3,7 милиони евра повеќе отколку во 2022 година. Но, затоа, имаше огромна разлика во добивките меѓу 2022 и 2021 година. Сите компании лани остварија речиси преполовена добивка, па така вкупната нето-добивка на анализираните компании беше нешто над 3,5 милиони евра, додека во 2021 година била околу 7 милиони евра. Оттука се наметнува и прашањето: Зошто е толкава разликата меѓу падот на приходите и падот на добивката?

    ЗА НЕКОЛКУ ПРОЦЕНТИ НАМАЛЕН ПРОМЕТ И ПРЕПОЛОВЕНА ДОБИВКА

    Причини за намалениот промет се намалената куповна моќ на населението со инфлацијата, но и неспоредливата 2021 година, кога имаше карантини и многумина работеа од дома, а настава на далечина имаше и за учениците и за студентите, па неминовен беше растот на купување опрема за информатичка технологија. Некои и од глобалните пазарни истражувања покажуваа дека за време на пандемијата раст имаше кај прометот на пижами, лекови и компјутери, но и бела техника, која поинтензивно се користеше за време на пандемијата.

    Причини за намалената добивка беа: огромниот раст на цената на електричната енергија, како и растот на платите, со што се зголеми страна на компаниите.

    Податоците покажуваат дека најголем пад и на приходите и на профитот има Нептун, но сепак, тој ја задржа првата позиција во однос на приходите што ги реализирал од продажбата. Таму, граѓаните лани оставиле 65,5 милиони евра. Во 2021 година бил реализиран промет од 69 милиони евра.

    Втор по приходи реализирани од промет, но прв по добивка, лани бил Сетек. Таму граѓаните оставиле 51,5 милиони евра, што е 4 милиони евра помалку отколку во 2021 година. Во Техномаркет прометот тежел 18,2 милиони евра (во 2021 година бил 18,7 милиони евра), а во Анхоч 16 милиони евра (во 2021 година бил 16,5 милиони евра).

    Приходи и добивки на трговци со бела техника и информатичка технологија (во евра)

    СО ИСТ, ИЛИ СЛИЧЕН БРОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ, СЕ ПРАВЕЛЕ ДВОЈНИТЕ ДОБИВКИ ВО 2021 ГОДИНА

    Анализата на вработените во трговските синџири за техника покажува дека кај сите, освен во Техномаркет, има зголемување на бројот на вработените во однос на пред пет години, и дека во 2022 година и во 2021 година има сличен број на вработени. Но, во 2022 година, како што се удвоила добивката, така се удвоил и придонесот на секој вработен во таа добивка.

    Број на вработени и добивка по вработен (во денари)

    Од овие податоци може да се види дека најмногу добивка по вработен му донеле вработените на газдата од Анхоч.

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично