ПОВЕЌЕ

    Во април издадени 330 дозволи за градба со вредност од 111 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во април се издадени 330 одобренија за градење. Тоа претставува намалување од 2,1 отсто во однос на состојбата од пред една година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

    Предвидената вредност на објектите, пресметано според издадените дозволи за градење, изнесува 6.841.858 илјади денари, или 111 милиони евра. Споредено со април минатата година, статистиката бележи зголемување од 25 проценти.

    Од вкупниот број издадени одобренија за градење, најголем е уделот со 43,9 проценти на објектите од високоградба, за кои се доделени 145 дозволи. Понатаму, 119 (36,1%) се за  објекти од нискоградба и 66 (20%) за објекти за реконструкција.

    Притоа, на 161 објект (48,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (51,2%) инвеститори се деловни субјекти.

    Податоците од ДЗС упатуваат и на тоа дека во април е предвидена изградба на 393 станови со вкупна корисна површина од 37.887 м2.

    Гледано по региони, за Југоисточниот има 75 одобренија, за Источниот 73, за Полошкиот 69, Скопскиот 41, за Југозападниот 28, за Вардарскиот и Пелагонискиот по 18, а најмалку дозволи за градба, само осум, се издадени во Североисточниот Регион.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично