ПОВЕЌЕ

    Србија прва во светот по пораст на платите годинава, во Македонија платите реално се намалиле за 2,8 %

    Време зa читање: 2 минути

    На официјалниот Твитер профил на World of Stastistics денеска е објавена листата на земји со најголеми зголемувања на платите од декември минатата година, На прво место е Република Србија која забележа раст од 15,2%. Меѓу првите пет држави според порастот на нето платите, на светско ниво, на второ место на листата се наоѓа Босна и Херцеговина со 14,86% пораст на платите во однос на истиот период лани, на трето место е Португалија со 14,2 насто, потоа следи Белорусија со 13, 2%, па Романија со 13 процентно зголемување на платите.

    На истата листа, Македонија се наоѓа помеѓу државите со негативен пораст на платите, со – 2,8 %, што значи дека платите реално се намалиле за толкав процент во однос на минатата година.

    Светот на статистиката е глобална мрежа од речиси 2.360 организации ширум светот  Организациите кои учествуваат во Светот на статистиката вклучуваат национални и меѓународни професионални статистички друштва, колеџи и универзитети, основни и средни училишта, бизниси, владини статистички агенции и истражувачки институти во 131 земја низ целиот свет.

    За потсетување, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека до крајот на годината ќе има уште зголемувања на платите, со очекување просечната плата до декември да биде 837 евра, во 2024 година 930 евра, во 2025 година 1025 евра, а во 2025 година 1124 евра.

    Според реномираниот сајт за статистика и аналитика, Trading Economics, пак, Србија со своите 15, 2% се наоѓа на второ место на листата држави со најголем раст на плати во светот, веднаш зад Украина, која бележи највисок пораст на плати за првиот квартал од годинава, во однос на лани, со дури 18,6 процентно покачување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично