ПОВЕЌЕ

    ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa 119,30 евра за мегават час

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 20 април просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 119,30 евра/mwh.

    Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 113,90 евра за мегават час.

    Просечната цена на електричната енергија во текот на месец април до сега, (baseload till date) изнесува 110,49 евра за мегават час и е за околу 3 евра пониска во однос на просечната цена на електричната енергија на берзата во текот на март.

    Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

    Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично