ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка вработува Стручен соработник за односи со клиенти (Loan Officer)

    Време зa читање: 3 минути

    Доколку сакате да ги остварите Вашaтa желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, Ве поттикнуваме да аплицирате за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

    Работна позиција: Стручен соработник за односи со клиенти (Loan Officer)

    Тип на вработување: Нeопределено време.

    Работно време: 40 часа неделно.

    Почетна основна нето-плата: 40.072,00 денари.

    Огласот важи до 16.02.2023 година.

     

    Работни цели и задачи:

    • Изработка на финансиска анализа на нефинансиски правни лица-кредитобаратели;
    • Оценка на кредитни барања и инвестициони проекти со доставување предлог одлука за одобрување/неодобрување;
    • Управување со кредитно досие, комплетирање и ажурирање на документација во кредитно досие;
    • Редовно следење на работењето на клиентите и наплата на обврските по кредити;
    • Анализа на пазарот и привлекување нови клиенти.

    Потребни квалификации и способности:                           

    • Завршено високо образование од областа на економските науки;
    • Познавање на англиски јазик и MS Office алатки;
    • Минимум 5 години работно искуство во областа на корпоративно кредитирање;
    • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
    • Прецизност во извршување на работните задачи;
    • Ориентираност кон потребите на клиентите;
    • Адаптибилност во динамична работна средина;
    • Комуникациски вештини за работа во тим.

     

    Придобивки за Вас:

    • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
    • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
    • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
    • Доброволно приватно здравствено осигурување;
    • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

    Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

    Аплицирајте на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Стручен соработник за односи со клиенти (Loan Officer)”.

    Лице за контакт: Тамара Михајловска, тел: (02) 3168-467

    На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

    Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

    Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.

    Извор: kb.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично