Првите слики на банкноти со ликот на британскиот крал Чарлс III вчера беа промовирани од страна на Банката на Англија. Портретот на Чарлс ќе се појави на англиските банкноти од 5, 10, 20 и 50 фунти. Во меѓувреме, остатокот од дизајнот ќе остане ист како и сегашните банкноти на кои е прикажана покојната кралица Елизабета Втора на предната страна. Камеото во проѕирниот безбедносен прозорец ќе го прикажува актуелниот монарх, се вели во соопштението за печатот на Централната банка на Обединетото Кралство.
Новите банкноти се очекува да влезат во оптек до средината на 2024 година и ќе циркулираат со банкнотите со портретот на кралицата, кои ќе останат легално средство за плаќање во ОК, според банката. „Ова е значаен момент, бидејќи Кралот е само вториот монарх што се појавува на нашите банкноти“, рече гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли пред објавувањето.
Задната страна на банкнотите ќе остане непроменета – сегашните дизајни имаат портрети на Винстон Черчил, Џејн Остин, ЏМВ Тарнер и Алан Туринг на задната страна на банкнотите од 5, 10, 20 и 50 фунти, соодветно.
„За да се минимизираат еколошките и финансиските влијанија на оваа промена, новите банкноти ќе се печатат само за да се заменат истрошените банкноти и да се задоволи севкупното зголемување на побарувачката за банкноти“, додаде Банката на Англија.
На почетокот на овој месец во оптек влегоа првите монети со официјалниот ликот на кралот Чарлс III. Монетите од 4,9 милиони од 50 пени го прикажуваат портретот на кралот, а на задната страна дизајн што го симболизира „животот и наследството“ на покојната кралица, според Кралската Монетарница.