Новооснованото претпријатие НЛБ Lease&Go д.о.о. Скопје ќе биде дел од НЛБ Групацијата.
Нивните корпоративни вредности се одговорност, чесност, кредибилност, соработка, насоченост кон решенија, иновации и едноставност. Велат дека работат чесно и одговорно и работењето кај нив не е само работа туку и мисија која ја живеат сите вработени.
Нудат единствена можност како ИТ Аналитичар/Администратор да станете дел од тимот НЛБ Lease&Go и да придонесете кон развојот на лизинг услугите во рамки на НЛБ Групацијата.
Улога во тимот:
- Управување со информатичката технологија и компјутерските системи;
- Планирање, организирање, контролирање и оценување на ИТ операциите и системите
- Дизајнирање, развивање, спроведување и координирање на системи, политики и процедури;
- Учествo во дефинирањето на стратегијата, архитектурата и процесите на ИТ инфраструктурата;
- Истражување и оценување на новите технологии;
- Обезбедување безбедност на податоците, мрежен пристап, резервни системи и локации;
- Постапување во согласност со потребите на корисниците и функционалноста на системот за придонес кон организациската политика;
- Идентификување на проблематичните области и имплементирање стратешки решенија навреме;
- Постојано анализирање на тековните процеси и технологии со цел да се идентификуваат областите на подобрување;
- Подготовка на извештаи за анализа на придобивките од трошоците кога се неопходни надградби;
- Одржување основни ИТ операции, вклучувајќи оперативни системи, безбедносни алатки, апликации, сервери, системи за е-пошта, лаптопи, десктоп компјутери, софтвер и хардвер;
- Управување со ИТ персоналот преку регрутирање, обука на вработените и оценување на нивните перформанси;
- Обука на вработените за софтвер и хардвер, решавање проблеми и техничка поддршка;
- Развој и спроведување процедури за инциденти и одржување резервни локации на податоците;
- Активности за ревизорски системи и проценка на нивните резултати.
Вашиот профил:
- Универзитетско образование за информатички технологии;
- Минимум 3 години соодветно работно искуство, ќе се смета за предност искуство во финансиски институции;
- Солидно познавање на информатичката технологија и компјутерски системи;
- Основно познавање и искуство во сегментот на управување со проекти;
- Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
- Одлични комуникациски и аналитички вештини;
- Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Способност за одлучување, тимска работа, самоиницијативност, одговорност и висока мотивираност за работа;
Твој мотив да ни се придружиш:
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
- Работа во професионална, динамична и меѓународна околина;
Заинтересираните кандидати своите апликации можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на [email protected] најдоцна до 31.10.2022 година (понеделник).
Пријавата треба да содржи:
- биографија,
- мотивационо писмо.
Локација на работа: Скопје
Закон за посредување на лични податоци
Со поднесување на Вашата пријава се согласувате дека целата документација што ќе ја испратите до НЛБ Банка Скопје со пријавата (биографија, мотивационо писмо и сите други документи) ќе биде проследена и до НЛБ Lease&Go д.о.о. Љубљана и на друштвото НЛБ д.д. – поединечни вработени во одредени стручни служби кои ќе соработуваат во постапката на изборот на кандидатот за огласеното работно место.