ПОВЕЌЕ

    Естонската премиерка ѝ порача на нацијата: Подгответе се, ќе има рестрикции ако Русија ја исклучи струјата!

    Време зa читање: 2 минути

    Естонската премиерка Каја Калас ѝ кажа на својата нација дека е можно прекин на електричната енергија доколку Русија ги исфрли балтичките земји од заедничката електрична мрежа, додека таа најави вонредна вежба за одбранбена готовност. „Мораме да бидеме подготвени и Русија да ги исклучи Естонија, Летонија и Литванија од нивната електрична мрежа“, рече таа во телевизиско обраќање во четвртокот вечерта, според владината веб-страница. „Би било мудро да се биде подготвен за можни прекини на електричната енергија – тоа ги вклучува јавните власти, компаниите и секој поединец“, додаде таа, опишувајќи ги какви било прекини како „привремени“.

    Речиси 3.000 резервисти беа повикани на годишна одбранбена вежба во Естонија во четвртокот, но премиерот рече дека нема непосредна воена закана за земјата. Таа, истовремено, ги повика руските граѓани кои живеат во Естонија да ги игнорираат сите покани за борба во Украина: „не одете, бидејќи нема враќање назад“.

    Триесет години по отцепувањето од тогашниот Советски Сојуз и 17 години од пристапувањето во ЕУ, балтичките земји Литванија, Летонија и Естонија сè уште зависат од Русија за стабилно снабдување со електрична енергија.

    Проектот финансиран од ЕУ од 1,6 милијарди евра има за цел да ги исклучи балтичките земји од нивната заедничка електрична мрежа со Русија и Белорусија во 2025 година во корист на децентрализираниот електроенергетски систем на континентална Европа.

    Литванскиот претседател Гитанас Науседа во јуни изјави за Ројтерс дека неговата земја е подготвена доколку Русија ја исклучи од регионалната електрична мрежа како одмазда за блокирањето на железничките пратки на некои руски стоки до московската ексклава Калининград.

    Европската мрежа за електрична енергија ENTSO-E ќе се поврзе со мрежите на балтичките земји во рок од 24 часа, доколку Русија ги исклучи земјите, што ќе помогне да се избегнат прекини, изјави во јули литванскиот оператор на електричната мрежа Литгрид. „Доколку Русија не исклучи, дури и денес, ние би биле подготвени. Нашата анализа покажува дека снабдувањето со електрична енергија нема да биде рационализирано, не се очекуваат сериозни прекини“, рече извршниот директор на Литгрид.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично