Главниот извршен директор на аеродромот Шипхол во Амстердам, Дик Беншоп во четвртокот објави дека се повлекува од позицијата по неколкумесечниот постојан хаос во еден од најголемите транспортни центри во Европа, погоден од долги редици и проблеми со ракување со багажот.
„Ситуацијата предизвика многу внимание на јавноста, а исто така и критики за начинот на кој Шипхол се справува со проблемите и за мојата одговорност како извршен директор“, рече Беншоп во изјавата. „Отворам простор, на моја иницијатива, да му дадам можност на Шипхол да направи нов почеток“, рече тој.