МАКПЕТРОЛ АД Скопје, согласно Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото за 2021 година бр. 0201-38/2-2, донесена на 26-тата седница на Собранието на Акционери на Макпетрол АД Скопје, одржана на 30.5.2022 година, објавува дека на 31.8.2022 година, започнува со исплата на дивиденда во бруто износ од 303.432.000 денари, односно 3.000 денари бруто, по акција.