Редовните мерења на емисиите на цврсти честички на двете мерни точки во производниот погон на Макстил во вториот квартал од годината покажуваат за речиси 3 пати пониски вредности од дозволените гранични вредности пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање. На емисиона точка Оџак од филтер постројка, каде дозволената гранична вредност е 20 mg/Nm3, во овој период највисока вредност е измерена во месец јуни и изнесува 7,33 mg/Nm3, додека во претходните два месеци изнесуваше 3,66 mg/Nm3 (во април) и 2,13 mg/Nm3 (во мај). На втората мерна точна, Оџак на пескара, каде дозволената гранична вредност изнесува 30 mg/Nm3, во истиот период највисока вредност на цврсти честички од 11,21 mg/Nm3, е измерена во април, во мај се измерени 10,38 mg/Nm3, а во јуни само 4,23 mg/Nm3.
Компанијата Макстил врши редовно објавување на резултатите од мерењата не двете мерни точки коишто се споредуваат како со вредностите пропишани од Министерството за животна средина, така и со стандардите кои произлегуваат од А-интегрираната еколошка дозвола и пропишаните европски гранични емисиони вредности. Во целиот период откако се прави мерењето, вредностите измерени во Макстил секогаш се неколкукратно пониски, а некогаш и до 20 пати помали од дозволените гранични вредности според која било од трите референтни скали и ниту еднаш не биле над овие граници.
Намалувањето на емисиите на цврсти честички во Макстил се должи на обемните
инвестиции во современи технолошки процеси за контролирање на производството и
редуцирање на емисиите кои ги спроведе компанијата, а со цел максимално намалување на вредностите на емисија на цврсти честички.
ПР Објава