ПОВЕЌЕ

    РУСКАТА НАФТА СЕ ПРЕТОЧУВА ВО ТАНКЕРИ СРЕДЕ МОРЕ и завршува на американскиот пазар

    Време зa читање: 2 минути

    Руската нафта се пренесува на отворено море за прв пат бидејќи претпазливите купувачи се обидуваат да избегнат поврзаност со Москва. Во мај, пренос на руска нафта од брод на брод се случувал на отворено море на Атлантикот – на огромно растојание од типичните заштитени води каде што ризиците од излевање нафта се помали, тврди Бизнис Инсајдер, повикувајќи се на Блумберг.

    Руските продавачи на сурова нафта почесто се приклонуваат кон алтернативни методи за да ги достават производите до купувачите додека беснее војната во Украина. Внимателните купувачи се обидуваат да избегнат поврзаност со санкционираната нација преку прикривање на потеклото на суровата нафта и тргување со нафта означено како „непозната дестинација“.

    Помеѓу 26 и 27 мај, супертанкерот Лорен II зел товар од танкерот Aframax Zhen I во средината на океанот, на околу 300 милји западно од Мадеира. Овој потег го означил првиот руски трансфер на сурова нафта на отворено море, а Лорен II сега лебди во средината на Атлантикот потенцијално чекајќи уште еден товарен трансфер.
    Овие големи товарни бродови, според Блумберг, се економски исплатливи опции за пренос на долги растојанија, бидејќи тие можат да складираат околу три пати поголема количина од помал брод како Zhen I.

    Во меѓувреме, Волстрит Журнал објави дека руските нафтени производи сè уште стигнуваат на американскиот пазар бидејќи трговците ги мешаат и рафинираат на друго место. Залихите за кои се верува дека барем делумно се состојат од руска нафта пристигнаа во Њујорк и Њу Џерси минатиот месец, кои најверојатно дојдоа од Индија, се вели во извештајот.

    „Невозможно е целосно да се извадат сите руски енергенси од глобалниот пазар“, изјави претходно за Инсајдер Мет Смит, водечки нафтен аналитичар во Кплер. „Ако Индија зема руска сурова нафта и ја меша со друга сурова нафта и потоа ја рафинира во бензин или дизел, нема начин да се одвои она што е направено од руската сурова и она што не е. Врз основа на ова, сите чисти производи рафинирани во Индија и испратено во САД може да потекнува од руска сурова нафта, едноставно е невозможно да се каже“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично