Грција планира нов пакет мерки од 3,2 милијарди евра за да го намали притисокот врз буџетите на домаќинствата и бизнисите од зголемените цени на енергијата, изјави во петокот министерот за финансии, Христос Стаикурас. Како и многу други земји, Грција е во канџите на зголемените цени на гасот, струјата, горивото и храната од минатата година, влошени по руската инвазија на Украина на 24 февруари.
Од септември, Атина ги субвенционира сметките за струја и гас, а исто така понуди еднократен грант за ранливите групи во вкупна вредност од 4 милијарди евра. Вчера, премиерот Киријакос Мицотакис во телевизиско обраќање рече дека владата, исто така, ќе постави плафон на големопродажните цени на електричната енергија и ќе врати до 60 отсто од сите доплати што потрошувачите на електрична енергија со годишни приходи до 45.000 евра ги платиле во декември- мај, меѓу другите мерки.
Стаикурас рече дека програмата за поддршка на конзервативната влада делумно ќе биде финансирана од државниот буџет. „Вкупната цена на мерките е 3,2 милијарди евра, од кои 1,1 милијарди евра доаѓаат од буџетот“, рече Стаикурас на брифингот со новинарите.