Во текот на 2021 година, „Макпетрол“ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 22,48 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 5,72 милијарди денари, односно остварен е раст од 34,15%.
Како резултат на остварените приходи и расходи, на крајот на годината, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 1.526,3 милиони денари која е поголема за приближно четирипати од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 381,05 милиони денари.
На 30.05.2022, Макпетрол АД Скопје закажа редовно Собрание на акционери. Според Предлог-одлуката, од вкупната тековна добивка за 2021 година во износ од 1.374.003.296 денари, компанијата ќе подели дивиденда во висина од 303.432.000 денари бруто.
На акционерите на Макпетрол ќе бидат исплатени 3.000 денари бруто за една акција.
Последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 17.6.2022 година.
За прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 20.6.2022 година.
Исплата на дивидендата ќе се изврши до 30.9.2022 година.