ПОВЕЌЕ

    Тајван лови кинески крадци на таленти за висока технологија

    Време зa читање: 4 минути

    Тајванските власти спроведоа истрага против околу 100 кинески компании осомничени за нелегално ловокрадство инженери за полупроводници и други технолошки таленти, изјави за Ројтерс висок функционер во Бирото за истраги на островот. Веќе има седум обвинети од почетокот на минатата година и како и 27 кои биле или претресени или чии сопственици биле повикани на сослушување од бирото, изјави официјалниот претставник.

    Војна – до последниот тајвански талент за микрочипови

    Тајван е матична земја на индустрискиот гигант TSMC, а во таа земја се сконцетрирани дури 92% од најнапредниот светски капацитет за производство на полупроводници, Тајван го поседува она што ѝ треба на Кина – многу експерти за чипови.

    Глобалниот недостиг на чипови и прогласената цел на Пекинг за постигнување самодстојност во напредните чипови – посилно промовирани од кинескиот претседател Кси Џинпинг по трговската војна со поранешната администрација на Трамп – само ја интензивираа борбата за инженерски таленти. Тајван одговори со создавање на работна група во декември 2020 година во рамките на Бирото за истраги на Министерството за правда – нејзината главна организација за фаќање шпиони – за да се справи со кинеските „ловци на таленти“.

    Зголемениот воен притисок од Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, само ја зајакна решеноста на Тајпеј да ја заштити својата надмоќ на чипови – предност, исто така стратешки важна за Соединетите Американски држави, бидејќи голем дел од нивното производство на чипови потекнува од Тајван.

    Минатиот месец бирото ја спроведе својата најголема операција до сега – рација на осум компании со цел да се спротивстави на, како што рече, „незаконските активности на кинеската комунистичка партија за крадење на таленти и индустриска шпионажа“.

    Всушност, не е нелегално кинеските фирми да ангажираат тајвански инженери. Меѓутоа, тајванскиот закон забранува кинески инвестиции во некои делови од синџирот на снабдување со полупроводници, вклучително и дизајн на чипови и бара контрола за области како што е пакувањето на чипови, што им отежнува на кинеските фирми за чипови легално да работат на островот. И тајванските инженери можат слободно да одат во Кина, но многумина го претпочитаат квалитетот на животот на островот, особено додека ограничувањата за Ковид-19 го отежнуваат патувањето.

    Еден случај што е под истрага вклучува фирма која наводно е тајванска компанија за анализа на податоци, но за која властите веруваат дека е гранка на фирма за чипови со седиште во Шангај која испраќа планови за дизајн на чипови во Кина, според официјалниот претставник и друг колега кои разговарале со Ројтерс.

    Кинески мамец – за „прелажаните“ астрономски високи плати

    Во средината на март, по речиси една година следење, бирото го повикало сопственикот на фирмата на сослушување. Оттогаш, сопственикот е ослободен со кауција, велат тие, одбивајќи да ја идентификуваат компанијата бидејќи допрва треба да се покренат обвиненија. Се користат и плаќања кои одат преку даночните оази, како што се Кајманските Острови, што го отежнува идентификувањето на приливот на пари од Кина.

    Starblaze Technology со седиште во Пекинг, дизајнерска куќа за интегрирано коло (IC), е обвинета дека без одобрение водела центар за истражување и развој во технолошкиот центар Хсинчу. Според судските документи разгледани од Ројтерс, таа наводно спроведувала интервјуа за работа преку Zoom и користела компанија од Хонг Конг за да се справи со платите и осигурувањето. Судењето е во тек.

    Tongfu Microelectronics, кинеска државна компанија, беше обвинета дека има нелегална канцеларија чии вработени земале плати во американски долари во офшор сметки исплатени преку подружница со седиште во Хонг Конг. Бранителите беа прогласени за виновни во јануари.

    Луси Чен, потпретседател на Исаја Рисрч со седиште во Тајпеј, вели дека минатата година кинеските фирми за чипови нудеа плати два до три пати поголеми од локалното ниво. Меѓу најбараните вработени се дизајнерите на ИЦ, кои можат да работат од далечина.

    Иако е тешко да се натпреваруваат со вакви понуди на плати, локалните фирми им нудат на вработените обезбеден посигурен долгорочен развој на кариерата и други бенефиции, како масажи и спортски сали на лице место, вели за Ројтерс извршен директор во компанија за чипови во Хсинчу, кој одби да биде идентификуван.

    Оние кои се подготвени да бидат превземени од кинески компании ризикуваат да не најдат повторно работа во тајванските технолошки фирми, како и да бидат изложени на јавно засрамување. Неколку високи директори на TSMC кои отишле да работат за SMIC во Кина се означени како предавници во тајванскиот печат.

    Властите исто така работат на зголемување на казните за ловците на тајвански таленти. Максималните затворски казни ќе се зголемат на три години од една година и максималните парични казни од 5.200 долари на 520.525 долари. Во сличен потег, владата предложи истекувањето на технологиите за основни чипови да биде прекршување на законот за национална безбедност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично