ПОВЕЌЕ

    МВР работи на обезбедување повеќе податоци за хакерскиот напад на банките

    Време зa читање: < 1 минутa

    Министерството за внатрешни работи(МВР) работи на обезбедување на повеќе податоци за хакерскиот напад врз домашните банки од страна на хакерската група ,,Моќна грчка армија”, велат од МВР за порталот ,,Пари”.

    -Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР е во комуникација со надлежните институции со цел обезбедување на повеќе информации и податоци за ДДоС нападите на веб страниците на банки во нашатата држава, посочуваат од МВР.

    И Народната банка претходно излезе со соопштение објаснувајќи дека ДДоС всушност е напад на веб-страниците. Огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата. Серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата.

    Хакерската грчка група се пофали дека ги хакирала македонските банки ТТК банка, Комерцијална, Шпаркасе, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола…

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично