ПОВЕЌЕ

    Одбележана 20-годишна соработка на Стопанска банка АД – Скопје со Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје е еден од потписниците на основачкиот Статут на Централниот депозитар за хартии од вредност. Банката е акционер на институцијата во континуитет до денес. Во изминатите 20 години двете институции имаат меѓусебна соработка поврзана со нивните дејности. По повод 20 години од основањето на институцијата, Депозитарот и додели пригодна плакета на Банката.

    Стопанска банка АД Скопје е клиент на Депозитарот како издавач од ноември 2001г. кога акционерската книга на Банката беше конвертирана во електронски запис.  Во Депозитарот денес се одржуваат сметки за хартии од вредност на 4979  акционери на Банката.

    Воедно, Банката е членка на Депозитарот и тоа во сите три улоги – како берзански посредник, банка чувар на хартии од вредност и учесник на пазарот преку шалтер.
    Во изминатиот 20годишен период од страна на ЦДХВ  се порамнети 35.292 трансакции каде Стопанска банка АД – Скопје учествувала на продажна страна и 27.981 трансакции каде учествувала на куповна страна како берзански посредник.

    Истовремено, Стопанска банка АД Скопје е банка – старател на повеќе странски правни лица преку збирни и старателски сметки за странски инвеститори.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично