ПОВЕЌЕ

    Плакета од Централниот депозитар за хартии од вредност за плодната соработка со Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    По повод 20 години од своето основање, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје ѝ додели пригодна плакета на Комерцијална банка во знак на благодарност за плодната соработка. Комерцијална банка е клиент на ЦДХВ од 27.11.2001 година, односно од самиот почеток на неговото работење, при што во Депозитарот се одржуваат сметки за хартии од вредност на 5.473 акционери на Банката.

    Банката денес е членка на Депозитарот како берзански посредник, банка-чувар на хартии од вредност и како учесник на пазарот преку шалтер. Во изминатите две децении ЦДХВ порамни 96.837 трансакции во кои Комерцијална банка како берзански посредник учествуваше на продажната страна, во вкупен износ од 53.570.021.617,00 денари, и 93.325 трансакции во кои Банката учествуваше на куповната страна, во вкупен износ од 54.444.366.509,00 денари. Преку ЦДХВ се порамнети и 196 трансакции на Комерцијална банка на пазарот преку шалтер, во вкупна вредност од 12.785.393.426,00 денари. Комерцијална банка е втор по големина акционер во ЦДХВ. Претставници на Банката во континуитет учествуваат во органите на управување и надзор на Депозитарот.

    Комерцијална банка го честита 20 годишниот јубилеј на Централниот депозитар на хартии од вредност, институција која во изминатите две децении беше клучна за заштита на акционерскиот капитал и еден од главните столбови за развојот на пазарот на капитал во земјава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично