Повеќе од 100 милионери од светот, членови на групите „Милионери патриоти“, „Милионери за човештвото“ и „Оданочете ме сега“, испратија отворено писмо со апел до владите да ги оданочат.
„Нас богатите оданочете не сега“, напишале тие во писмото, а пренесува „Оксфам“.
Апелот е упатен по повод серијата предавања „Давос агенда“ на Светскиот економски форум. Според Оксфам, данокот на имот за најбогатите би помогнал да се намалат нееднаквостите и растечките социјални разлики, како и финансирањето на здравствениот систем и образованието.
Во писмото испратено од милионерите се наведува дека светот во изминатите две години претрпел многу, поради пандемијата на коронавирус, дека најбогатите станале уште побогати, а само мал дел од нив плаќаат соодветен данок. Меѓу потписниците на писмото, меѓу другите, е и американската филмска продуцентка Абигејл Дизни.
Во претходната студија, Оксфам дојде до заклучок дека данокот на имотот на милионерите со само два отсто годишно и пет отсто за милијардерите ќе донесе 2,52 трилиони долари годишно на глобално ниво.