ПОВЕЌЕ

    НЛБ д.д. Љубљана го предлага Боштјан Ковач за нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

    Време зa читање: 3 минути

    Членот на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје г. Борут Вујчич до Собранието на акционери поднесе оставка од функцијата член на Надзорниот одбор на Банката на 7.12.2021 година.

    Согласно член 364 од Законот за трговските друштва, по поднесена оставка не се одлучува за нејзиното прифаќање. Се смета дека на членот на Надзорниот одбор му престанал мандатот со денот на поднесувањето на известувањето за оставката, во писмена форма, освен ако во известувањето не е наведен некој друг датум.

    Во поднесената оставка г. Борут Вујчич нема наведено дека ќе продолжи да ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор, што значи дека неговата оставка е ефективна на денот на поднесувањето.

    За дополнување на составот на членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, од акционерот НЛБ д.д. Љубљана даден е предлог за именување на г. Боштјан Ковач за нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје за период за остатокот од мандатот на г. Борут Вујчич, односно до 12.9.2025 година.

    Согласно член 58 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, во случај на предвремено престанување на функцијата на член на Надзорниот одбор, на првата наредна седница на Собранието на Банката се врши избор за испразнетото место за остатокот на мандатот.

    Одлуката за именување на г. Боштјан Ковач за член на Надзорен одбор на НЛБ Банка АД Скопје ќе стапи во сила по добивање согласност од Народната банка на Република Северна Македонија за именување член на Надзорен одбор.

    Еве какво е работното искуство на г. Боштјан Ковач и со какво образование и обуки се има стекнато:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично