ПОВЕЌЕ

    Доделени награди на Самитот за женско претприемништво 2021

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во рамки на првиот годишен Самит на Националната платформа за женско претприемништво беа доделени награди за најуспешна млада лидерка и за најдобра граѓанска организација.

    Наградата за најуспешна млада лидерка ѝ е доделена на Флорина Џингова од M3DS Academy, а наградата за најдобра граѓанска организација – добра практика ја доби организацијата Центар за управување со промени и ја прими Јасна Пајковска.

    Наградите им ги врачи Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за женско претприемништво.

    На втоириот ден од Самитот се одржаа панел-дискусија на тема „Програми и инструменти за финансирање на женското претприемништво“ и две работилници на теми „Финансиски менаџмент“  и  „Обезбедување финансии/односи со инвеститори“.

    Организаторите информираат дека дводневниот Самит за женско претприемништво 2021 заврши со сублимирање на најважните заклучоци кои даваат насоки за понатамошни активности на сите чинители вклучени во претприемништвото.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично