ПОВЕЌЕ

    Кои се новите членови на Надзорниот одбор на УНИ Банка?

    Време зa читање: 2 минути

    Со решениe бр.15-22676/8 од 11ти ноември 2021 година, Гувернерката на НБРСМ издаде претходна согласност за именување на г-дин Светозар Попов за член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (УНИ Банка), информираат од УНИ Банка преку Македонска берза.

    Согласноста е издадена за период од 4 (четири) години, сметано од денот на приемот на Решението.

    Со решение  бр.15-22676/9  од 11ти ноември 2021 година, Гувернерката на НБРСМ издаде претходна согласност за именување на г-ѓа Ралица Богоева за член на Надзорниот одбор на УНИ Банка АД Скопје.

    Согласноста е издадена за период од 4 (четири) години, сметано од денот на приемот на Решението.

    Со решение  бр.15-22676/10  од 11ти ноември 2021 година, Гувернерката на НБРСМ издаде претходна согласност за именување на г-дин Јанко Караколев за член на Надзорниот одбор на УНИ Банка АД Скопје.

    Согласноста е издадена за период од 4 (четири) години, сметано од денот на приемот на Решението, велат од Банката.

    Надзорниот одбор на УНИ Банка АД Скопје го сочинуваат:

    • Светозар Попов

    претседател

    Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија
    – Член на Управен одбор, Извршен директор и Главен директор за ризици во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија.

    • Ралица Богоева

    Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија
    – Член на Управен одбор и Извршен директор во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија.

    • Јанко Караколев

    Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија
    – Член на Управен одбор и Главен финансов директор во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија и член на Управен одбор во Прва Инвестициона Банка АД – Република Албанија.

    • Константин Арнаудов

    Прва Инвестициона Банка, Софија Бугарија
    – Директор на Корпоративно банкарство во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија.

    • Николај Драгомирецки

    Екобултекс АД Софија
    – Управител и член на Одбор на директори во Екобултекс АД Софија – Република Бугарија.

    • Дејан Кнезовиќ

    Адвокатско друштво Кнезовиќ и соработници, Скопје
    – Управувачки партнер во Адвокатско друштво Кнезовиќ и соработници Скопје, Република Северна Македонија

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично