Твоите желби се одраз на твоите идеали. Патување од соништата, нов изглед на домот, магистерски студии или оние „ситни“ задоволства што носат насмевка секој ден. Сега сите желби се на дофат со само еден кредит кој ќе ги покрие сите твои амбиции, големи и мали.
Комерцијална банка нуди потрошувачки кредит до 30.000 евра по најповолни услови.
Во промотивниот период до 31.12.2021 година, овој кредит се одобрува со максимален рок на отплата до 120 месеци.
Зошто е овој кредит е најдобар за мене?
- Максимален износ до 30.000 евра
- 4,7% фиксна каматна стапка за првите 3 години
- 5,7% променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата
- Рок на отплата до 120 месеци во промотивниот период до 31.12.2021
- Без провизија за предвремена отплата
Колкав износ ти треба?
Кликни [тука] и Внесете го кредитот што Ви е потребен и вработените од Комерцијална банка ќе Ве побараат..
Кредитот е наменет за:
- Вработени лица на неопределено или определено време, за кои не е задолжително својата плата да ја примаат на сметка во Комерцијална банка.
- Вработени на определено време, кои треба да имаат непрекинат стаж од најмалку 12 месеци во конкретната фирма.
- Пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во Комерцијална банка, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница и кои на крајниот рок на отплата на кредитот не надминуваат 62 години старост за жени, односно 64 години старост за мажи.
Критериуми
- месечни примања од минимум 12.000 денари,
- месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните примања,
- при доспевање на последниот ануитет возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години, освен за кредитобаратели пензионери, чија возраст не треба да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи,
- кредитобарателот да е корисник на услугата Интернет банка,
- за рефинансирање на постоечки кредит во КБ, износот на новоодобрениот кредит треба да биде минимум 35% повисок од износот на кредитот кој се рефинансира.
Номинална каматна стапка
За клиенти кои примаат плата или пензија во Комерцијална банка:
- 4,7% годишна, фиксна за првите 3 години,
- 5,7% годишна, променлива за остатокот од периодот на отплата на кредитот i
За лица кои примаат плата во други банки:
- 5,7% годишна, фиксна за првата година,
- 6,7% годишна, променлива за остатокот од периодот на отплата на кредитот i
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
- 5,32% годишна за кредит за приматели на плата во Комерцијална банка,
- 6,72% годишна за кредит за неприматели на плата во Комерцијална банка.
Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.
Одобрување
Се одобрува во најкраток можен рок по комплетирање на документацијата со исполнети критериуми.
Исплата
- максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување,
- средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот.
Трошоци за кредитот
- 2.000 денари надомест за одобрување на кредитот,
- 300 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
- трошоци за интеркаларна камата,
- трошоци за меница.
Обезбедување
- траен налог,
- меница и менична изјава,
- За кредит до 30.000 евра за вработени на неопределено време – без жиранти (по извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување – еден кредитоспособен жирант),
- За кредит за вработени на определено време – до 8.000 евра во денарска противвредност со 1 (еден) кредитоспособен жирант во работен однос на неопределено време.
Начин на отплата
Месечни ануитети, достасување на ануитет – секој 16-ти во месецот.
Предвремена отплата
Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.
Потребна документација
- копија од валидна лична карта,
- За вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка не е потребна солвентност, а за приматели на плата во Комерцијална банка не се потребни ПП53 обрасци,
- за пензионери – талон од последна пензија,
- М1/М2 образец.
Повеќе информации за кредитот се достапни на следниот линк https://www.kb.com.mk/potrosuvacki-30000-eur-kl.nspx