Во склоп на новиот трговски центар East Gate Mall компанијата Тинекс ги отвори вратите на две нови продавници, супермаркетот Тинекс и парфимеријата Космо.
Супермаркетот Тинекс е на површина од 2000м2 и е со нов концепт – комбинација од Тинекс маркет и Деликатесен Тинекс, што го прави прв од ваков тип на супермаркет на компанијата. Во Супер Тинекс е достапен широк асортиман од над 30.000 производи, од домашно потекло и производи од увоз, со што потрошувачите ќе имаат можност да вкусат прехранбени производи и пијалаци од различни краеви од светот. Производите се поставени по светски стандарди, видно означени, за лесна и брза достапност. Во рамки на супермаркетот има различни оддели како пиљара со богат избор на свежо сезонско овошје и зеленчук, како и јужно и егзотично овошје, органски производи, месарница снабдена со свежо телешко, јунешко и свинско месо, месни преработки, оддел за зреено месо, ексклузивна винарија, пекара во која ќе се подготвуваат свежо печени леб и бели печива, рибарница со голем избор на морски плодови и риби како и оддел со декорации и опрема за домот. Супермаркетот е изграден по светски стандарди од најквалитетни природни материјали и претставува едно поинакво шопинг искуство за сите кои уживаат во пазарењето. Елегантниот, модерен и софистициран ентериер го прави маркетот да биде совршено место за пазарење каде што потрошувачите ќе може да ги купат омилените прехрамбени производи и пијалаци.
Како новитет, за прв пат во Македонија и единствено во Супер Тинекс Ист Гејт Мол за потрошувачите ќе бидат достапни и каси за самонаплата на кои брзо, лесно и сигурно во само 3 чекори ќе може да се купат посакуваните производи. Со оваа иновација Тинекс ги доближува потрошувачите до светските начини на пазарење и им овозможува да искусат нешто ново, иако во светот, пазарењето на ваков начин е голема пракса. Со отворањето на овој супермаркет Тинекс обезбеди 60 нови работни места.
Како втор концепт на компанијата Тинекс во Ист Гејт Мол е луксузната продавница Космо со продажен простор од 300м2 на кој се изложени познатите мириси на парфемските куќи, niche брендови, селективна, декоративна и органска козметика и ексклузивен накит од најпознатите шпански и италијански дизајнери. Парфимеријата Космо е најуникатката продавница за убавина во Скопје со над 10.000 производи. Префинетиот, софистициран и елегантен изглед ја прават Космо продавницата да биде уникатно место за убавина на современиот потрошувач, место каде што ќе може да се купат сите омилени производи за нега и убавина. Со отворањето на новата Космо парфимерија се обезбедени 10 нови работни места.
По повод отворањето на новите продавници во Тинекс и Космо се подготвени многу атрактивни акции, промоции и изненадувања за сите потрошувачи, а ексклузивно за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот, ќе бидат организирани специјални понуди.