Традиционално, по повод „Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“, денес на свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација, беа прогласени најдобрите службеници од банките и финансиските институции за 2021 година. Наградените службеници добија пофални зборови и признанија за нивната посветена работа и остварени резултати во текот на годината.
„По успешното присоединување на Охридска банка кон Шпаркасе Банка, нашите тимови заедно го продолжија патот како поголема и подинамична банка. Сплотени под брендот на SPARKASSE, веќе започнавме да остваруваме нови цели и да се справуваме со нови предизвици. Особено сме горди на успесите на нашите вработени и ја цениме нивната посветеност во работата која ја покажаа во оваа исклучително важна година за нашата Банка.
Нашите вработени се нашата најголема вредност и ние како менаџмент на Шпаркасе Банка секогаш се гордееме со сите нивни успеси. Ја цениме нивната посветеност и се грижиме за нивна што поголема мотивација и остварување на заедничките цели“ – изјави Нина Неданоска, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Шпаркасе Банка АД Скопје додели признанија за „Најдобар банкарски службеник”, кои во време на пандемија грижата за клиентите и одговарање на нивните потреби ја ставија на прво место.
Марија Ѓениќ, Самостоен соработник за односи со население и микро клиенти во експозитура Буњаковец
Радмила Јованова, Самостоен соработник за односи со МСП во регион Исток
Марија Мано-Петковски, Благајник – Самостоен соработник во експозитура Битола