По повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, Македонската банкарска асоцијација денеска ги додели признанијата на најдобрите шалтерски работници за 2021 година.
Оваа година од НЛБ Банка признание за најдобри шалтерски работници за 2021 година им беа доделени на:
- Ивана Николовска- банкарски комерцијалист во продажна мрежа, вработена во експозитура Ѓорче Петров
- Марија Секулоска- Банкарски комерцијалист во продажна мрежа, вработена во експозитура Кичево
- Даниела Андова- Банкарски комерцијалист во продажна мрежа, вработена во експозитура Капиштец
При изборот беа земени предвид повеќе критериуми, како што се: бројот и разновидноста на извршените трансакции, односот кон клиентите, колегите и останатите вработени во банката, како и работниот стаж и минатото искуство кое го имаат вработените во Банката.
Им честитаме на најдобрите шалтерски работници и силно веруваме дека тие ќе бидат поттик и стимул за уште поголеми успеси во иднина!