ПОВЕЌЕ

    9 начини на кои ФинТек ќе ја промени финансиската индустрија во наредните 3 години

    Време зa читање: 2 минути

    Не заборавајте дека вашата банка која моментално ја користите драстично ќе се промени во наредните неколку години. Голем број на финансиски експерти предвидуваат дека ФинТек ќе биде главен двигател во банкарството и менаџирањето со финансиите.

    Инстант плаќања

    Плаќањата во реално време радикално ќе ја подобрат способноста на клиентите да управуваат со приливот на пари на нивните сметки. Денес, постои доцнење (понекогаш и до 3 работни дена) од денот кога ќе се изврши плаќањето до денот кога ќе се промени состојбата на трансакциската сметка.

    Вештачка интелигенција (Ai)

    Користејќи вештачка интелигенција, финансиските компании ќе можат да им понудат на своите потрошувачи нови производи, подобрување на постојните, зголемување на оперативната ефикасност на деловните процеси и воведување нови услуги.

    Индустрија 4.0

    Веќе постои голема промена во начинот на кој ќе се градат информатичките системи. Во новиот свет на „дигитално работење“, единствениот начин на кој клиентите ќе можат да бидат во чекор со брзорастечките технологии, е да ги прилагодат и „збогатат“ своите бизниси со користење на дигитални платформи.

    Технологијата како стабилизатор

    Технологијата е одличен стабилизатор за малите фирми коишто се натпреваруваат со големите добро поставени играчи на пазарот. Во наредните години, стартапите ќе продолжат да го зголемуваат финансискиот пазар нудејки палети на предности и голема стручност.

    Подлабоко и подобро зачувување на податоците

    Воведување на стандардизирани процеси значи поефективно и поинтензивно планирање.

    Блокчејн

    Блокчејн, пред сé, ќе игра голема улога во трансакциите помеѓу правните лица.

    Враќање кон единственост

    Големиот спектар на финансиски услуги ќе се спои во еден унифициран производ што ќе им помогне на потрошувачите да ги постигнат своите финансиски цели.

    Робо-советници

    Робо-советниците се дигитални платформи кои обезбедуваат автоматски услуги за финансиско планирање, управувано од алгоритми, со малку или без човечки надзор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично