ПОВЕЌЕ

    Светскиот туризам изгуби 730 милијарди долари

    Време зa читање: 1 минутa

    Поради пандемијата и ограничувањата на патувањето во првите осум месеци од 2020 година, во светот имаше 70 проценти или околу 700 милиони помалку меѓународни туристички пристигнувања отколку минатата година.

    Само во јули годинава, според УНВТО, во светот имало 81 процент пристигнувања на меѓународни туристи, а во август 79 проценти помалку отколку во оние месеци минатата година, за кои се знае дека се најпрометни за туризам.

    Пад од 70 проценти до крајот на август годинава, или 700 милиони помалку меѓународни пристигнувања отколку во истиот период во 2019 година, значи загуба од околу 730 милијарди долари во извозната заработка од меѓународниот туризам.

    Тоа е повеќе од осум пати поголема загуба што туризмот ја забележа во глобалната економска и финансиска криза во 2009 година, посочува УНВТО.

    Зураб Пололикашвили, генерален секретар на организацијата, вели дека тоа има „драматични социјални и економски последици затоа што загрозува милиони работни места и компании“, наведувајќи дека тоа бара „итна потреба за безбедно рестартирање на туризмот, навремено и координирано“.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично