ПОВЕЌЕ

    60% проценти од Европејците купуваат преку интернет

    Време зa читање: < 1 минутa

    БРИСЕЛ (АА) – Во Европската Унија (ЕУ) изминатата година 60 отсто од граѓаните купуваа преку интернет, пренесува Агенција Анадолија (АА).

    Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави стапките на купување преку интернет во земјите на ЕУ во 2019 година.

    Според нив, додека стапката на купување преку Интернет во ЕУ во 2009 година била 32 проценти, оваа бројка минатата година достигнала 60 проценти.

    Данска е рангирана на првото место во однос на купувањето преку интернет меѓу земјите од ЕУ. Во Данска, во 2019 година 84 отсто од граѓаните купувале преку интернет. По Данска, следува Шведска со 82 отсто, Холандија со 81 отсто, Германија со 79 отсто и Финска со 73 отсто.

    Меѓу државите на ЕУ кои најмалку купувале на интернет во овој период се Бугарија со 22 отсто и Романија со 23 отсто.

    Стапката на купување преку интернет во Франција е 70 отсто, во Италија 38 отсто, во Шпанија 58 отсто и во Грција 39 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично