ПОВЕЌЕ

    50 нови милијардери на Форбс доаѓаат од здравствената индустрија

    Време зa читање: 2 минути

    Вакцините за коронавирусот создадоа нови милијардери, лекари и научници, кои сега се наоѓаат на листата на Форбс.

    На листата се наоѓаат милијардерите кои создадоа вакцина за борба против короната, а на Форбс се најдоа 50 нови милијардери во здравствениот сектор оваа година.

    Меѓу нив се најистакнатите научници кои стојат зад двете најуспешни вакцини за коронавирус, оние развиени од Фајзер, Бајонтек и од Модерна.

    Извршниот директор на Бајонтек, Угр Сахин сега е „потежок“ за 4,2 милијарди долари, додека извршниот директор на „Модерна“, Стефан Банчел има 4,1 милијарда долари. Тој неверојатен подем на Модерна создаде милијардери од нејзините први инвеститори, имунологот Тимоти Спрингер од Харвард и научникот од МИТ, Роберт Лангер.

    Сепак, профитот не беше постигнат само со вакцините, туку и на компаниите кои беа ангажирани во развој на лекови кои помагаат да се победат симптомите на коронавирусот.

    Така, извршниот директор на канадската компанија за биотехнологија AbCelera, Карл Хансен, сега има 2,9 милијарди долари, бидејќи неговата компанија го претстави во јавноста третманот со антитела на 11 декември, што го разви во соработка со фармацевтскиот гигант Ели Лили и доби одобрение од американската администрација за храна и лекови.

    Компаниите кои им помогнаа на поголемите компании да тестираат нови лекови добро се пласираа на пазарот и заработија големи суми на пари, оставајќи го Август Трендл, основач и извршен директор на истражувачката фирма „Медпеј“ со седиште во Синсинати, сега со 1,3 милијарди долари.

    Милијардерите доаѓаат од различни земји, но повеќето се од Кина, земја која се смета за епицентар на корона вирусот.

    Меѓу најистакнатите кинески милијардери е претседателот на производителот на медицински помагала Контек Медика Системс, Ху Кун.

    Заработката на производителот се зголеми за околу 150 проценти како резултат на силната странска продажба на производи како што се пулсни оксиметри или уреди кои ја анализираат состојбата на белите дробови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично