ПОВЕЌЕ

    4,5 милијарди евра на граѓаните распоредени во депозити

    Време зa читање: < 1 минутa

    Депозитите на населението во септември годинава изнесуваат 273,9 милијарди денари или 4,5 милијарди евра и бележат раст од 8,8 отсто во однос на септември минатата година, покажуваат податоците на Фондот за осигурување депозити, од каде што оценуваат дека граѓаните имаат доверба и ги чуваат парите во банките и покрај намалувањето на каматните стапки.

    Повеќе од половина или 51,8 отсто од депозитите се во денари, а останатите 48,2 отсто се девизни.

    По видување се 51,1 отсто, а орочени депозити се 58,9 отсто.

    Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа во септември 2019 година се зголемени за 10,1 отсто, при евидентиран раст на кај двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично