Стопанска банка а.д. Битола со најконкурентна депозитна понуда на пазарот. Промотивниот денарски депозит со фиксна каматна стапка 4,1% за орочување на средства на период од 36 месеци е моментално најатрактивен производ кој може да го изберат сите постоечки и нови клиенти на Банката.
Минималниот влог е 6.000 денари, а исплатата на каматата се врши годишно, односно, по 12 месеци од датумот на влогот или 12 месеци од претходно исплатена камата.
Како дел од своето депозитно портфолио покрај овој депозит, Стопанска банка а.д. Битола има исклучително атрактивна понуда на депозити со исплата на каматата на денот на уплата на влогот, односно антиципативно. Овој тип на денарски депозит е со фиксна каматна стапка која во зависност од периодот на орочување се движи од 2,8% до 3,6% односно,
- Рок на орочување 12 месеци – 2,8%
- Рок на орочување 15 месеци – 3,3%
- Рок на орочување 24 месеци – 3,6%
Стопанска банка а.д. Битола ги креира и прилагодува сите свои депозитни производи следејќи ги сите различни потреби на своите клиенти истовремено нудејќи им најсоодветно решение за управување со сопствените финансии.
Преку разновидната понуда на производи за штедење Стопанска банка а.д. Битола на секој штедач му дава можност, согласно неговите лични барања и потреби да го избере најсоодветниот, посакуван начин на орочување на средствата.