ПОВЕЌЕ

    Приходите на Tesla во САД се ,,стопија” за 39%

    Време зa читање: < 1 минутa
    Приходите на компанијата Tesla, американски произведувач на електрични автомобили, паднаа за 39 проценти во САД во третиот квартал, според финансиските документи коија компанијата ги достави до регулаторните органи.

    Продажбата во САД, најголемиот пазар за компанијата Tesla, падна на 3,13 милијарди долари во однос на 5,13 милијарди долари во истиот квартал минатата година, пренесува агенцијата Reuters.

    Претходно овој месец, од Tesla објавија дека вкупниот приход на компанијата падна за скоро осум проценти на 6,30 милијарди долари во кварталот кој заврши на 30 септември, додека аналитичарите предвидуваат дека ќе изнесува 6,33 милијарди долари, според податоците на IBES  кои ги објави Refinitiv.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично