ПОВЕЌЕ

    До 300 евра за лажни тестови за корона, цвета бизнисот на црниот пазар во Франција и Велика Британија

    Време зa читање: 2 минути

    Бројот на нови случаи на Ковид-19 расте деновиве, па дури и кога ситуацијата беше „помирна“, цветаше „бизнисот“ со продажба на лажни тестови за Ковид-19, што секако покажува негативен резултат.

    Луѓето ги купуваат овие фалсификати за да можат непречено да патуваат, бидејќи во одреден момент скоро за секоја земја беше потребен негативен тест за PCR. Бројни туристи сакаа да ги заобиколат процедурите, па масовно купуваа фалсификувани резултати од тестови на црниот пазар.

    Сите светски медиуми пишуваат за тоа, вклучително и Вашингтон Пост и Би-Би-Си. Имено, оваа нелегална практика се појави низ целиот свет, но е особено доминантна во Бразил, Франција и Велика Британија, пишува Вашингтон пост.

    Минатата недела надлежните органи од Франција објавија група фалсификатори, кои ги продаваа овие фалсификати на аеродромот Шарл де Гол, а агенцијата ΑΠ понатаму известува дека групата им наплатувала од 150 до 300 евра. Како што е наведено понатаму, групата се состои од 7 мажи и една жена.

    Овие лажни потврди, наводно, биле чувани на мобилни телефони и имале лого на медицинска лабораторија од главниот град на Франција. Но, тој случај сигурно не е изолиран. Полицијата фатила и четири домашни патници во Бразил со негативни лажни тестови, кои планирале да патуваат на островот Фернандо де Нороња.

    Истата практика се вкорени во Велика Британија. Тамошниот весник напишал дека тој разговарал со личност која резултатот од тестот го претворил во негатива за свој пријател, за да може тој тест да го користи за меѓународно патување. Дополнително дури на еден патник му била понудена лажна потврда од туристички агент.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично