ПОВЕЌЕ

    Три работи кои не ги прават милионерите кои ги заработиле парите

    Време зa читање: 2 минути

    Интервјуирајќи повеќе од 500 милионери и проучувајќи ги нивните навики, Томас Стенли откри дека повеќето од нив се изненадувачки штедливи. Многу од нив не фрлаат пари кон луксузни предмети, но се обидуваат да ги вложат паметно.

    Тој, исто така откри дека меѓу оние кои се однесуваат така, повеќе од 80 проценти се оние кои парите ги заработиле сами и не ги наследиле, пишува Бизнис Инсајдер.

    Ова се нивните три вообичаени навики.

    1. Тие немаат паричник полн со ексклузивни кредитни картички

    Кога помислувате на начинот на живот на милионер, замислувате голем број скапи кредитни картички со големи ограничувања. Според истражувањето на Стенли, оние кои сами заработиле пари не се жалат на скапо одржување на кредитни картички, туку користат поевтини варијанти.

    1. Не купуваат премногу скапи подароци за децата

    Милионерите секогаш се подготвени да издвојат пари за образование, како за себе, така и за своите деца, но многумина знаат да кажат „доволно“ кога станува збор за поддршката што им ја даваат на своите возрасни деца. Тие знаат дека прекумерното давање на деца може да биде штетно, а непишаното правило е дека колку повеќе долари добиваат децата, толку помалку ќе создаваат сами.

    1. Тие не поминуваат часови водејќи го сопствениот бизнис

    Истражувачите дошле до заклучок дека поседувањето акции е главен дел од деловните стратегии на повеќето милионери. Но, повеќето испитаници не ги допираат често, така што повеќе од 40 проценти од нив не тргувале со акции во изминатата година, така што тие не минуваат часови водејќи го сопствениот бизнис.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично