Кон не сака да ја подобри својата финансиска ситуација? Но, темата за финансии честопати може да ви изгледа преголема и застрашувачка. Дури и кога знаете што треба да направите, можеби немате мотивација или дисциплина да се придржувате кон вашиот план. За среќа, има неколку одлични книги кои можат да ви помогнат да ги совладате техниките и да останете на вистинскиот пат.
1. Sacred success: A course in financial miracles од Barbara Stanny
Оваа книга зборува за идејата дека успехот не е определен едноставно од вашата плата. Се осврнува на тоа како да ја зголемите вашата нето вредност и да изградите значаен живот, како односите на жените со парите имаат повеќе врска со структурите на социјална моќ отколку самите пари и како да бидете успешни без да ги напуштите вашите вредности.
2. Rich dad, poor dad од Robert T. Kiyosaki
Оваа добро позната книга ги споредува навиките на таткото на најдобриот пријател на авторот) и на „сиромашен татко“ (вистинскиот биолошки татко на Кијосаки). Киојаски ја користи оваа споредба за да предизвика многу верувања во врска со успехот, да го ослободи митот дека мора да заработите висока плата за да бидете богати и како да ги научите децата за парите.
3. All your worth од Elizabeth Warren
Напишана од американската сенаторка Елизабет Ворен и нејзината ќерка Амелија Ворен Тајаги, оваа книга ви покажува како да ја добиете контролата врз финансиите со поедноставување на вашиот начин на размислување и поделување на трошењето во три категории.