ПОВЕЌЕ

    Три најдобри практики на одличните лидери кои градат успешен тим

    Време зa читање: 3 минути

    Управувањето со тим е напорна работа, без оглед дали го правите тоа со децении или за прв пат стапувате во улогата на лидер. Потребна е пракса и зајакнување на основните вештини како што се комуникација, тренинг, делегирање и емоционална интелигенција.

    Целта на секој лидер треба да биде да им помага на луѓето да ги развиваат своите вештини, истовремено негувајќи култура што ги прави сите да имаат позитивен елан за да одат на работа секој ден“, вели основачот на „Либерти и Компани“, Ерика Боек, која беше на лидерска позиција повеќе од 10 години кај големите компании како „Конде Наст“ и „Њујорк Тајмс“.

    Еве три работи што ги прават одличните лидери за да ги постават своите тимови за успех:

    1. Поттикнете рамнотежа помеѓу работата и животот

    Иако сакате вашиот тим да работи напорно и да додаде вредност на компанијата, исто така е важно да се промовира здрав баланс помеѓу животот и работата.

    Премногу често, менаџерите ставаат поголем фокус во туркање на своите тимови да ги исполнат роковите и деловните цели. Но, ова може да доведе до прегорување и заминување од работа.

    Компаниите како „Епл“, „Салсфорс“ и „Најк“ додадоа простории за медитација за да ги охрабрат вработените да прават паузи. Потребни се само неколку минути за да го смирите вашиот ум, што може да има ефекти врз вашето здравје и да го зајакне обемот на внимание, откриле студиите.

    1. Планирајте активности за градење на тимот

    Најдобрите тимови работат едни со други, што на крајот може да ја зголеми продуктивноста и перформансите. Првиот чекор кон поттикнување на соработката е да ги натерате членовите на вашиот тим да се чувствуваат пријатно едни со други. Можете да го направите тоа со создавање на заедничко искуство, како што е планирање социјална прошетка, посета на изложби, концерти, кина, театри.

    1. Овозможете им успех

    Секој вработен сака да знае дека тие се забележани и ценети – затоа што тоа им дава моќ да успеат. Еден од најефикасните начини да го направите ова е да ги признаете нивните вештини.

    Според анкетата на Галуп во 2019 година, вработените кои се свесни за своите јаки страни се помотивирани, имаат подобри перформанси и имаат помала веројатност да заминат.

    Затоа, внимателно обрнете внимание на работата на секој член на тимот и помогнете им да ги идентификуваат своите најсилни вештини. Потоа, разговарајте за тоа како можат да ги користат тие вештини за да додадат вредност на компанијата и да се истакнат во својата кариера.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично