ПОВЕЌЕ

    3 акции во кои Ворен Бафет најмногу инвестира во 2020

    Време зa читање: 2 минути

    Следејќи го портфолиото на Беркшир Хатавеј е одличен начин за да се добијат добри идеи за инвестирање.

    Ворен Бафет е најдобриот инвеститор досега во очите на многу луѓе, и извршен директор на Беркшир Хатавеј. Неговиот годишен собир во Омаха секоја година привлекува илјадници инвеститори кои сакаат да учат од него и од неговиот партнер Чарли Мангер.

    Сепак, како што би можел самиот Бафет да каже, кога станува збор за инвестирање, постапките зборуваат погласно од зборовите. Многу очи се свртени кон изборот на акции и одлуките кои Бафет ги прави секоја година. Некои инвеститори би рекле дека вистинскиот избор на акции мора да биде нова идеја. Но, држејќи се на постојната позиција во акции бара верба во иднината и растот на компаниите кои долгорочно ги држиме. Беркшир со капитал од скоро 135 милијарди американски долари, инвестираше во само три акции.

    Епл (NASDAQ: AAPL)

    Епл е најдоминантниот пик на Бафет. Уделот на Беркшир Хатавеј во овој технолошкиот гигант се приближува до 80 милијарди американски долари. Иако Бафет важеше за генерално бавен за прифаќање на компании предводени од технологија, тој сепак го додаде Епл во портфолиото на Беркшир во 2016 година.

    Акцијата на Епл даде големо нагорно зголемување на вредноста на портфолиото на Беркшир.

    Банка на Америка (NYSE: BAC)

    Оваа компанија исто така стана важен холдинг за Беркшир во изминатите неколку години. Односот на Бафет со оваа кација датира од 2011 година, кога Беркшир инвестираше 5 милијарди долари во банката. Оттогаш, тој удел се зголеми на скоро 950 милиони акции во вредност од скоро 33 милијарди долари.

    Кока-Кола (NYSE: КО)

    400 милиони акции од Беркшир учествуваат во гигантот за пијалоци, чиј интерес датира од 1994 година, и вреди скоро 23 милијарди американски долари по тековни цени на акциите. Кока-Кола е голем победник за Беркшир. Покрај тоа, приходот на дивиденда на Кока-Кола е скоро 3% и обезбедува убав прилив за Беркшир и другите акционери во компанијата за пијалаци. Многумина сметаат дека Кока-Кола веќе нема потенцијал за раст, но компанијата неодамна одговори на менување на вкусовите на потрошувачите со додавање на поздрави алтернативи.

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично