ПОВЕЌЕ

    2 ДЕЛ АНАЛИЗА: Седум веледрогерии лани свртеле 290 милиони евра, профитите на „Д-р Пановски“ недостижни

    Време зa читање: 4 минути

    Веледрогериите, очекувано, минатата година имале поголеми проходи и најголем дел од нив имале зголемени добивки. Дел сепак завршиле и со намалена добивка во однос на 2019 година, покажува анализата на порталот Пари, во соработка со БизнисМрежа.мк.

    Она што паѓа веднаш во очи кога ќе се погледне листата со финансиски резултати на веледрогериите е дека компанијата „Зегин “во текот на минатата година имала раст на приходите од 9,7 проценти, но добивката многу драматично и се зголемила, и тоа за 910,9 проценти, односно таа била 10 пати поголема во 2020 година, отколку во 2019 година. Сепак, кога подобро ќе се разгледаат бројките, податоците покажуваат дека профитабилноста на веледрогеријата „Д-р Пановски“ е недостижна. Ова компанија имала најголема добивка меѓу веледрогериите и тоа со многу помал вкупен приход (читај: промет на лекови) во однос на „Зегин“.

    „Зегин“ е ланската топ веледрогерија по остварен приход. Вкупниот приход што го остварила компанијата е 72 милиони евра. Ова значи дека толку пари минатата година потрошиле граѓаните, но и здравствените установи, купувајќи лекови во „Зегин“. Во 2019 година, пак, износот бил 65.600.000 евра. Добивката на „Зегин“ во 2020 година изнесувала 320.000 евра, додека во 2019 износот на добивката бил речсиси 10 пати помал и таа била само 31.000 евра.

    „Др Пановски“ е ланската топ веледрогерија по остварена добивка. Вкупните приходи на веледрогеријата изнесувале 22.850.000 евра, а компанијата имала добивка од дури 1,9 милиони евра. Ова е и највисока стапка на профитабилност (добивка во однос на вкупен приход) од 8,3 проценти, остварена меѓу веледрогериите ( ако од оваа група се изземе „Алаклод“ кој функционира и како производител и продавач на лекови, односно веледрогерија)

    Веледрогеријата „Промедика“ е втора по профитабилност. Таа лани остварила вкупен приход од 22.800.000 евра, или за 17,5 проценти повеќе отколку во 2019 година, но добивката ја зголемила за 4 пати, од 346.000 евра во 2019 година на 1.440.000 во 2020 година. Стапката на профитабилност (добивка во однос на приход) во 2020 година, на ова веледрогерија изнесувала 6,3 проценти.

    За одбележување е и работата на веледрогеријата ,,Еуро-фарм”. Оваа веледрогерија лани остварила втор најголем раст кај приходите по Д-р Пановски од 27,6 проценти и трет најголем раст кај добивката од 64,4 отсто. Во апсолутни бројки според остварениот приход пред неа се само Зегин и Македонија лек.

    Еве какви приходи и добивки остварувале најголемите веледрогерии:

    ВеледрогерииПриход 2020Раст на приход 2020/2019Добивка 2020Раст на добивка 2020/2019
    Зегин72.000.000 € 9,7 % 320.000 €+ 910,9%
    Македонијалек55.000.000 €8,9 %1.200.000 €- 8,6%
    Еуро-фарм47.500.000 €27,6 %850.000 €+ 64,4
    Феникс44.000.000 €  5,3 % 29.000 €- 46,4%
    Еуролек25.000.000 €3,2%1.000.000 €+ 18,9%
    Д-р Пановски22.850.000 €31,3%1.900.000 €+53,4%
    Промедика22.800.000 €17,5%1.440.000 €+316,1%
    ВКУПНО290.000.000 €7.400.000 €

    извор: БизнисМрежа.мк

    АЛКАЛОИД ЛАНИ ОСТВАРИЛ ДОБИВКА ОД 18.600.000 ЕВРА

    Покрај овие класични веледрогерии што се занимаваат со набавка и продажба на лекови, дејноста веледрогерија ја има и во шифрата на производителот на лекови „Алкалоид“ кој своите производи ги продава дома и во странство. Податоците покажуваат дека компанијата, минатата година остварила најмногу приход и најголема профитна маржа во однос на сите компании што се занимаваат со лекови.  Нејзините лански приходи биле 156 милиони евра, или за 10,6 % повеќе отколку во 2019 година. Добивката на компанијата, остварена во ланската година била 18.600.000 евра и е за 13,6% поголема отколку во 2019 година. Така, профитната маржа на компанијата во минатата година била 11,9 %. „Алкалоид“  стана препознатлива по големи инвестиции од добивките и таа во 2020 година инвестираше над 24 милиони евра и имаше 210 нови вработувања.

    Лани, одлично поминала и фирмата-ќерка на „Алаклоид“ – „Алкалоид конс увоз-извоз ДООЕЛ – Скопје“. „Алкалоид конс ДООЕЛ“, соработува со повеќе од 20 странски компании и има застапништва за повеќе од 2.000 фармацевтски производи. Фирмата остварила вкупен приход од над 25 милиони евра, или за речиси 7% повеќе отколку во 2019 година. Ланската добивка на компанијата била околу 500.000 евра, односно речиси за 7% повеќе отколку во 2019 година. Во овој случај, профитната маржа е само 2 проценти.

    И „КРКА“ ОДЛИЧНО ПОМИНАЛА СО ЛЕКОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

    Словенечкиот производител на лекови „Крка“ во Македонија ги продава лековите преку своето престваништво – Трговско друштво за трговија и застапување Крка-фарма ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.  Македонското преставништво лани остваило вкупен приход од 23.600.000 евра, и тој приход е за 6,6 проценти поголем од оној во 2019 година кога преставништвото направило промет од околу 22 милиони евра. Ланската добивка на Крка-фарма ДООЕЛ увоз-извоз Скопје изнесувала 656.000 евра и е за 1,98% поголема од добивката во 2019 година, кога профитот изнесувала 643.000 евра. Профитната маржа што скопското преставништво ја остварило минатат годна била 2,8%.

    Редакција Пари

    Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично