ПОВЕЌЕ

    15 денари за ќеса! Со што ќе пазарат граѓаните?

    Време зa читање: 3 минути

    Ќесите кои сега ги има во маркетите, иако се декларирани како биоразградливи, сепак се далеку од тоа. Од Иницијативата „Стоп за пластични ќеси“ велат дека станува збор за обични пластични ќеси со адитиви, кои во светот се нарекуваат оксоразградливи. Тие ќеси недозволиво е да се користат кај нас, бидејќи и натаму ќе предизвикуваат голема штета по животната средина со распаѓањето на микро – пластика, алармираат од иницијативата.

    „Како следен чекор на министерството, не само што го донесоа законот, туку и да донесат правилник со којшто ќе се регулира стандардот за биоразградливост и новите пластични ќеси да бидат вистински биоразградливи, според европските и светските стандарди и со тоа многу помалку ќе ја загадуваат животната средина. Но, сепак, пред сè, на врвот мора да биде превенцијата на отпадот, многу помалку по број да се користат пластични ќеси и со самото тоа да се заштити животната средина“, вели Снежана Василевска Иницијатива „Стоп за платични ќеси“.

    Според Василевска, опцијата да се купи ќеса за 15 денари ќе ги демотивира граѓаните да пазарат со ќеси токму поради цената. Таа смета дека тоа не е за да се удри по стандардот на граѓаните, туку да се промени навиката и да се пазари со тоба за подобра животна средина. Сепак, дел од граѓаните и натаму ќе пазарат со најлонски ќеси, а други, пак велат дека ќе користат торби.

    „Ќе пазариме повотрно со кеси. – Зошто? – Па најблиску е до касата, не можеш торба да носиш со себе…. И ќесите и флашата е пластика. Половина од храната е во пластика пакована“, рече Снежана Василевска Иницијатива „Стоп за платични ќеси“.

    „Ќе пазарам, ќе пазарам. – Зошто со пластична? – Затоа што во цел свет се пазари со книжни кеси. – Ама не се добри за животната средина, така викаат. – Нека мислат тие што се одговорни.“

    „По европски систем, најлонот не треба да се употребува. – Вие ќе пазарите со најлон? – Не, јас имам моја торба.“

    „Дали повторно ќе купувате кеса во продавница? – Па ќе купуваме, зошто да не. – 15 денари ќе биде една. – Па, сега, тоа е… Зембили ќе користиме, торби стари ќе земеме со такви најубаво. Една употреба, перија и носија.“

    Од 1 декемри ќе стапи на силата забрана за употреба на пластични ќеси, со опција да се купи биоразградлива за 15 денари. Ќе се забрани и употребата на пластика за еднократна употреба во хотели, како и на заштитени зони, како што се Шар Планина, Маврово, Пелистер, Галичица…

    Извор: Алсат ТВ

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично